Белата куќа објави дека претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден ќе стави вето на нацрт-законот кој предвидува брза испорака на оружје за Израел доколку законот биде усвоен од Конгресот.
Овој закон Републиканската партија го поднесе до Претставничкиот дом минатиот викенд.
Во соопштението на Белата куќа се посочува дека односот на администрацијата кон Израел е намерно искривен. Се истакнува дека законот може негативно да влијае на способноста на американскиот претседател да води ефикасна надворешна политика.
„Овој предлог-закон може да предизвика сериозна загриженост за кршење на овластувањата на претседателот според член 2 од Уставот, вклучувајќи го и неговото овластување да биде врховен командант и да води односи со странство”, се вели во соопштението.
Во него сед наведува и дека САД се крајно решени да го поддржат Израел.