Двајцата жестоки политички ривали мирно, со пријателско ракување, разговараа за следните чекори од големата промена на власта / Photo: Reuters

Американскиот претседател Џозеф Бајден и новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска се сретнаа во Белата куќа како дел од почетокот на процесот на предавање на власта.

Двајцата жестоки политички ривали мирно, со пријателско ракување, разговараа за следните чекори од големата промена на власта.

„Добредојде назад“, му порача Бајден на Трамп на почетокот на средбата.

Бајден му рекол на Трамп дека со нетрпение очекува „мазна транзиција“ во јануари, додавајќи дека ќе обезбеди неговиот претходник и наследник да се всели во Белата куќа.

„Политиката е тешка и во многу случаи не е многу убав свет, но денес е убав свет и многу го ценам“, рече Трамп.

Поздравувајќи го Трамп, Бајден го нарече „новоизбраниот и поранешен претседател“, а потоа се ракуваа.

Меланија Трамп, сопругата на Трамп и идната прва дама на САД претходно објави дека нема да се сретне со сегашната прва дама Џил Бајден, иако двете први дами традиционално се среќаваат.

Поради тоа, Џил Бајден ѝ испратила писмо на Меланија.

Џил Бајден му се придружи на Џо Бајден денеска за да го поздрави новоизбраниот претседател Трамп.

Џил Бајден му го врачила на Трамп рачно напишано писмо со честитки за Меланија Трамп, изразувајќи ја подготвеноста на нејзиниот тим да помогне во транзицијата.

TRT Balkan / агенции
Популарни