Американскиот претседател Џо Бајден од Германија повика на прекин на огнот во Газа / Photo: AA

Американскиот претседател Џо Бајден, по повод убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, денеска изјави дека е време да се стави крај на војната и дека затворениците треба да се вратат дома. Бајден ова го изјави при пристигнувањето на аеродромот во Берлин и посетата на Германија.

Американскиот претседател му се јави на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да му честита и истакна дека сега е време да се гледа напред.

„Време е оваа војна да заврши и затворениците да се вратат дома. Тоа е она што сме подготвени да го направиме“, рече Бајден.

Тој најави и посета на државниот секретар Антони Блинкен на Израел и нагласи дека треба да се преземат чекори за да се обезбеди прекин на огнот во Појасот Газа.

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац изјави синоќа дека лидерот на Хамас Јахја Синвар е убиен во напад на Појасот Газа.

Синвар е долгогодишен лидер на Хамас, кој беше назначен на чело на движењето во јули по убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханија во Техеран, за чие убиство е обвинет и Израел.

TRT Balkan / агенции
Популарни