Забелешките на Бајден уследија откако тој минатата недела рече дека е огорчен поради израелскиот воздушен напад во Газа во кој загинаа седум хуманитарци / Photo: AA

Пристапот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон војната во Газа е „грешка“, рече американскиот претседател Џо Бајден во интервју за Унивисион, американската ТВ мрежа на шпански јазик, објавено во вторникот, нудејќи дополнителни критики за справувањето со конфликтот од страна на Израел.

„Она на што повикувам е Израелците едноставно да се солгасат на прекин на огнот, да овозможат следните шест, осум недели целосен пристап на целата храна и лекови кои влегуваат во земјата“, рече тој. „Нема оправдување да не се обезбедат медицинските и прехранбените потреби на тие луѓе. Тоа треба да се направи сега“.

Забелешките на Бајден уследија откако тој во изјавата минатата недела рече дека е „огорчен“ и „скршен во срцето“ поради израелскиот воздушен напад во Газа во кој загинаа седум лица кои работеа за хуманитарната организација за храна Светска централна кујна (СЦК) со седиште во САД, нагласувајќи дека Израел „ не направи доволно за да ги заштити хуманитарните работници“.

Израел уби повеќе од 33.000 Палестинци од прекуграничниот упад на 7 октомври на палестинската група Хамас, кој однесе 1.200 животи.

Оттогаш, голем дел од инфраструктурата на Газа е уништена, а 1,9 милиони жители насилно се раселени, оставајќи ги во опасност од болести и глад.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во јануари донесе привремена одлука со која му беше наложено да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да гарантира дека се обезбедува хуманитарна помош за цивилите во Газа.

AA
Популарни