Продолжија бруталните израелски напади врз Појасот Газа.
Цел на еден од нападите била куќата на семејството Ан-Наџар во регионот Џабалија ал Балед во северниот дел на Газа. Екипите за пребарување и спасување излегоа на местото на нападот и од под урнатините извлекоа бебе старо само 15 дена.
Лулката во која се наоѓало бебето била затрупана во урнатините. Бебето било згрижено во болницата Ал-Ахли во градот Газа.
Израел ја продолжува својата брутална офанзива на Појасот Газа од 7 октомври 2023 година.
Во нападите загинаа речиси 43.400 луѓе.
Израел се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.
AA