Само во вчерашниот напад врз петкатна зграда во градот загинаа најмалку 100 лица, а десетици се тешко повредени / Photo: AA

Општината Беит Лахија на северот на Појасот Газа го прогласи градот, каде хуманитарната криза од ден на ден се продлабочува поради израелската окупација, блокадата и интензивните напади, за „зона на катастрофа“ и повика на итна помош.

Беше наведено дека градот се соочува со хуманитарна катастрофа поради геноцидните напади и блокадата.

Беше објавено дека Беит Лахија нема основни потреби како храна, вода, болница, брза помош, цивилна одбрана, лекар, комунални услуги и комуникација.

„Поради овие причини, ја прогласуваме Беит Лахија за област на катастрофа и повикуваме на итно спасување на оние кои можат да се спасат во градот што е подложен на масакр и геноцид“, рекоа тие.

Само во вчераѓниот напад врз петкатна зграда во градот загинаа најмалку 100 лица, а десетици се тешко повредени.

AA
Популарни