Изјавата на Кирби следи по коментарот на Путин дека за Русија е подобро Бајден да добие втор мандат / Photo: AA

Вашингтон го предупреди рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот да „остане настрана од изборите во САД“ по забелешките што тој ги даде во корист на претседателот Џо Бајден да добие втор мандат.

„Господинот Путин многу добро знае што прави оваа администрација за да се спротивстави на злонамерното влијание на Русија ширум светот и секако на тоа што тие го прават во Украина“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби за време на брифингот со новинарите.

„Покажавме повторно и повторно колку сме подготвени да се спротиставиме на она што Русија го прави, особено во Украина и господине Путин, останете настрана од нашите избори“, рече тој.

Во интервју за руската државна телевизија емитувано во средата, Путин рече дека го претпочита Џо Бајден повеќе од Доналд Трамп.

Тој рече дека реизборот на Бајден е подобар за Русија бидејќи тој е „попредвидлив“. Сепак, тој рече дека Москва е подготвена „да работи со секој американски лидер на кој американскиот народ ќе покаже доверба“.

AA
Популарни