Не може да се повлечеме од ниту една територија на која се наоѓаме во Газа, не само што не исклучувам еврејска населба таму, туку тоа го сметам за важна работа, рече министерот / Photo: AA

Министерот за национална безбедност на Израел од крајната десница, Итамар Бен-Гвир, изјави дека војната во Газа е можност да се охрабрат Палестинците да ја напуштат енклавата додека израелската војска продолжува со разорните напади.

Бен-Гвир, лидер на крајно десничарската партија Оцма Јехудит (Еврејска моќ), рече дека „војната претставува можност да се концентрира на охрабрувањето на миграцијата на жителите на Газа“, одбивајќи да го признае нивниот национален идентитет или ги нарече Палестинци.

Тој додаде дека Израел има партнери низ светот што би можеле да помогнат во примањето на голем број Палестинци од Газа, но не спомена кои се тие.

Бен-Гвир, исто така, рече дека охрабрувањето на Палестинците да ја напуштат Газа ќе им овозможи на Израелците кои живеат околу Појасот Газа да се вратат во нивните населби.

„Не може да се повлечеме од ниту една територија на која се наоѓаме во Појасот Газа. Не само што не исклучувам еврејска населба таму, туку тоа го сметам за важна работа“, додаде тој.

Изјавите на Бен-Гвир се во спротивност со ставот на Соединетите Американски Држави за Газа, кој јасно се противи на перманентната окупација на енклавата од страна на Израел или на идејата за воспоставување населби таму.

Во 2005 година тогашниот премиер Ариел Шарон одлучи да ги евакуира еврејските населби во Газа заедно со четири населби на окупираниот Западен Брег.

Израел започна жестоки напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот, Хамас, на 7 октомври, при што, според локалните здравствени власти, досега се загинати речиси 22.000 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се над 57.000.

Се смета дека околу 1.200 Израелци се загинати во нападот на Хамас на 7 октомври.

Израелските напади ја оставија Газа во урнатини, 60 отсто од нејзината инфраструктура е оштетена или уништена, а речиси два милиона жители се раселени, постои и акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

AA
Популарни