Израелската Партија за национално единство, предводена од министерот за воен кабинет Бени Ганц, поднесе предлог-закон за распуштање на израелскиот парламент и одржување на вонредни избори во земјата, објави израелскиот весник Харец.
Во Израел со недели се одржуваат протести со барање за предвремени избори, а демонстрантите тврдат дека владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху погрешно управува со војната во Газа и дека не направила доволно за да постигне договор со палестинскиот Хамас за враќање на заложници од палестинската енклава, пишува Ал Џезира.
Ганц кон средината на месецот објави дека неговата опозициска Партија за национално единство ќе се повлече од коалициската влада aкo планот за повоено управување со Газа не биде консолидиран и одобрен до 8 јуни, што фрла сомнеж за иднината на израелската влада.
Нетанјаху потоа го обвини дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас“, и дека исполнувањето на неговите барања би значело „крај на војната и пораз на Израел, ослободување на повеќето заложници, оставање на Хамас на власт и создавање на палестинска држава“.