Министерството додаде дека во нападите досега повредени се најмалку 109.378 Палестинци / Photo: AA

Најмалку уште 70 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади во Појасот Газа, со што билансот од октомври 2023 година достигна 46.006, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата.

Министерството додаде дека во нападите досега повредени се најмалку 109.378 Палестинци.

„Израелските сили убија 70 лица и ранија 104 во три масакри на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Израел продолжува со геноцидната војна врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која повикува на итен прекин на огнот, по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Втората година од геноцидот во Газа наиде на зголемена меѓународна осуда, при што официјални лица и институции ги окарактеризираа нападите и блокирањето на испораката на хуманитарна помош како намерен обид за уништување на населението.

Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.

TRT Balkan / агенции
Популарни