Блинкен на израелските власти им порачал дека е невозможно целосно да се елиминира Хамас / Photo: AA

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека согласноста на Израел за држава Палестина е најдобриот начин да се изолира Иран.

Блинкен го посети Каиро каде се состана со египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси.

По средбата, американскиот државен секретар истакна дека овозможувањето палестинска држава е најдобриот начин за стабилизирање на поширокиот регион и изолирање на Иран и неговите соработници.

Како што наведува „Њујорк тајмс“, Блинкен разговарал со ел Сиси за „палестинските цивили и повоената ситуација во Газа“ која е изложена на израелски напади.

Американски извори наведуваат дека било разговарано и за прашањето за „спречување на ескалација на конфликтот и негово ширење во други региони“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера одржа средба со палестинскиот претседател Махмут Абаз, кој му пренесе дека не прифаќаат никакво раселување на Палестинците од Газа ниту од Западен Брег.

Блинкен, пак, на израелските власти им порачал дека спротивно на наведените цели на Тел Авив, невозможно е целосно да се елиминира Хамас.

За време на состанокот со израелскиот безбедносен Кабинет, Блинкен го претставил барањето на САД за имплементирање на дводржавното решение како визија за повоена Газа.

„Како што Израел има аспирации, така и Палестинците имаат аспирации, и Израел мора да го прифати тоа“, им рекол Блинкен на министрите од Кабинетот.

Високи израелски претставници изјавија дека пораката на Блинкен е дека „ако дводржавното решение не се изнесе во преден план како визија, Израел нема да напредува политички, дури ни во однос на нормализацијата со Саудиска Арабија“.

Како дел од турнејата на Блискиот Исток, Блинкен ги посети Туркије, Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Израел.


AA
Популарни