Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека се надеваат дека „хуманитарната пауза“ постигната со Хамас ќе биде продолжена и дека ќе продолжат деталните разговори со израелската Влада за патот што треба да го следат во Појасот Газа, јавува Анадолу.
Блинкен, кој пристигна во Израел како дел од турнејата на Блискиот Исток, беше примен од израелскиот претседател Исак Херцог.
Во изјавата пред состанокот Херцог рече дека продолжуваат напорите за ослободување на заробениците што ги држи Хамас и им се заблагодари на Соединетите Американски Држави (САД) за поддршката во овој процес.
Блинкен наведе дека заробениците повторно се со своите семејства благодарение на договорот за размена на затвореници меѓу Израел и Хамас.
Тој истакна дека постигнатиот договор овозможил испорака на хуманитарна помош за Појасот Газа и ослободување на заробениците.
„Овој процес дава резултати. Ова е важно и се надеваме дека ќе продолжи. Во исто време, со нетрпение ги очекувам деталните разговори со израелската Влада за патот напред во Газа“, додаде Блинкен.