Блинкен е во својата трета посета на Израел од почетокот на конфликтот / Photo: AA

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави во петокот дека Израел има право да се брани, но исто така повика на заштита на цивилите.

„Исистираме дека Израел не само што има право, туку и должност да се брани, и да направи се што е можно за да спречи напади како тој на 7. октомври“, рече тој за време на состанокот со израелскиот претседател Исак Херцог во Тел Авив, мислејќи на нападот на Хамас врз Израел кој го поттикна сегашниот конфликт.

„Критично е важно, кога станува збор за заштита на цивилите, дека мора да се направи сѐ за да се обезбеди нивната безбедност“, додаде тој.

Блинкен пристигна во Тел Авив во петокот, во својата трета посета на Израел од почетокот на конфликтот.

Тој подоцна се сретна со премиерот Бенјамин Нетанјаху во седиштето на Министерството за одбрана во Тел Авив, како што соопштија од кабинетот на премиерот.

И покрај тоа што се најцврстиот сојузник на Израел, САД можеби ја чувствуваат жештината од светските протести против неколкунеделните израелски напади врз Газа, во кои загинаа илјадници Палестинци, вклучително и многу жени и деца.

Апелот на Блинкен кон потребата да се заштитат цивилите можеби има за цел да го реши тоа, иако критичарите би можеле да го сметаат повеќе како полу-мерка отколку вистински обид да се запре растечкиот број на жртви во Газа.

AA
Популарни