Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се сретна со американскиот државен секретар Ентони Блинкен на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Говорејќи со новинарите пред состанокот кој се одржа во хотелот Лот Палас, Блинкен и се заблагодари на Туркије за придонесот во НАТО како сојузник и нејзината улога во справување со актуелните предизвици. Американскиот министер рече дека ќе биде разговарано за повеќе теми, а особено за руско-украинската војна.
Блинкен му се заблагодари на Чавушоглу и за договорот за жито од Црното море, потпишан во Истанбул во јули со кој се овозможи непречен транспорт од трите украински пристаништа.
Турскиот министер изјави дека му е драго поради тоа што имал можност за овој состанок и додаде дека ќе се разговара за билатералните прашања, руско - украинската војна, Ерменија и Азербејџан, сириското прашање и многу други билатерални и регионални теми.
Средбата траеше околу 30 минути.