Државниот секретар на САД повторно на Блискиот Исток/ Фото: AA

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен допатува вчера во посета на Израел, со цел да спречи ескалација на војната од Газа во поширок регионален конфликт.

Предвидено е Блинкен да се сретне со израелскиот претседател Исак Херцог, по што ќе има средби со колегата Израел Кац и премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Тој ќе има средба и со семејствата на израелските заложници во Газа и со опозицискиот лидер Јаир Лапид.

Се очекува Блинкен да разговара со израелските официјални претставници за чекорите за избегнување на понатамошна ескалација на фронтот со Хезболах по неодамнешното убиство на заменик-шефот на Хамас, Салех ал-Арури, и високиот воен командант на Хезболах, Висам ал-Тавил.

Тој, исто така, најверојатно ќе го повика Израел да го намали бројот на жртви во Газа, да дозволи влез на поголема хуманитарната помош во Газа, како и Палестинците да не бидат присилно раселени од енклавата.

Израел започна со жестоки напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот, Хамас, на 7 октомври. Според здравствените власти во Газа, во израелските напади досега загинати се над 23.000 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се речиси 59.000.

Се смета дека околу 1.200 Израелци се загинати во нападот на Хамас од 7 октомври.

Според Обединетите нации (ОН), околу 85 отсто од жителите на Газа се раселени, каде што постои недостиг на храна, чиста вода и лекови. Стотици илјади луѓе живеат без засолниште, а на територијата на енклавата влегуваат помалку од половина од камионите со хуманитарна помош отколку пред почетокот на конфликтот.

На Блинкен ова му е четврто патување на Блискиот Исток за само три месеци.

AA
Популарни