Немир вели дека е само дете кое не претставува закана за никого, а потоа ги покажа раните на нозете и запраша „Кој е мојот криминал? / Photo: AA

Израелските силиод 7 октомври минатата година продолжуваат со бруталните напади врз Појасот Газа, во кои жртви често се жени и деца.

Израелските војници, исто така, често апсат деца и тинејџери кои ги малтретираат на различни начини за време на притворот.

Палестинското момче Немир Ел-Саади Ел-Немир е само еден од многуте кои преживеале разни тортури за време на притворот.

По ослободувањето, дванаесетгодишното момче било донесено во болница за да му биде укажана лекарска помош. Тој рече дека израелските војници го однеле и го малтретирале во притвор и го ослободиле по два месеци.

Тој истакна дека кога ќе порасне ќе се бори против израелските војници поради тортурата и неправдата што му ги нанеле нему и на другите Палестинци.

„Кога ќе пораснам, ќе им стапнам на главите како тие мене“, вели расплаканото момче.

Тој додаде дека е само 12-годишно момче и дека не претставува закана за никого, а потоа ги покажа раните на нозете и се запраша:

„Кој е мојот криминал?

Ова момче исто така беше рането претходно во напад на израелски авиони кога излегол од засолништето да најде храна, оставајќи му трајна лузна на стомакот.

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади во Појасот Газа од 7 октомври се искачи на 33.797, а бројот на повредени на 76.465. соопшти во понеделникот Министерството за здравство во опколената палестинска енклава.

Израел започна офанзива на Појасот Газа по прекуграничен напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Израелската војна турна 85 отсто од населението на Појасот Газа во внатрешно раселување, со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

AA
Популарни