На 6 мај израелската армија побара евакуација на некои населени места во источниот дел на Рафах, а еден ден подоцна започна копнен напад / Photo: AA

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека болницата Ен-Наџар во градот Рафах повеќе не е во можност да дава услуги откако Израел изврши копнен напад врз тој град на југот на Појасот Газа.

Гебрејесус на социјалната мрежа Х рече дека СЗО е длабоко загрижена поради зголемените воени активности на Израел во Рафах, бидејќи повеќе од 1,4 милиони палестински бегалци, вклучително и 600.000 деца се во опасност.

„Ан-Накар, една од трите болници во Рафах, повеќе не е оперативна поради тековниот конфликт околу неа и воениот напад во Рафах“, рече Гебрејесус, додавајќи дека затворањето на граничниот премин Рафах од страна на Израел ги спречи Обединетите нации во испорака на гориво во Газа.

Гебрејесус посочи дека сите операции за хуманитарна помош може да престанат доколку нема гориво.

„Затворањето на границите исто така ја спречува испораката на хуманитарна помош во Газа. Во болниците во јужна Газа гориво има доволно само за три дена. Тоа значи дека наскоро може да се прекинат услугите“, предупреди тој.

Гебрејесус изјави дека одлуката на Израел да го нападне Рафах дополнително го ограничува пристапот до илјадници луѓе кои живеат во тешки услови.

Гебрејесус повика и да се стави крај на она што моментално се случува во Газа.

На 6 мај израелската армија побара евакуација на некои населени места источно од Рафах, а еден ден подоцна започна копнен напад врз регионот и објави дека ја освоила палестинската страна на граничниот премин со Египет.

AA
Популарни