Членови на десничарската Алтернатива за Германија (AфД) во југозападниот германски град Карлсруе им поделиле илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација во нивната „безбедна земја на потекло“.
„Убаво е и во твојата татковина“, пишувало на флаерите на кои се наведува датумот на заминување 23 февруари, кога во Германија се одржуваат предвремени парламентарни избори, објави „Политико“.
За време на партиската конвенција викендот, кандидатката на АфД за канцелар, Алис Вајдел рече дека партијата ќе изврши „големи репатријации“ ако дојде на власт.
„Ако тоа се вика премиграција, тогаш тоа се вика само премиграција“, изјави Вајдел, користејќи еуфемизам за масовни депортации што некогаш го користеле само најрадикалните членови на партијата.
„Само премиграцијата може да ја спаси Германија“, пишува на лажните авионски билети, како што се гледа на сликата што ја сподели АфД на социјалните мрежи.
Полицијата го истражува инцидентот како можен случај на говор на омраза, објави јавниот радиодифузен сервис СВР.
Телевизијата објави и дека лажните картички се делеле во населби со голем број мигранти.
Партијата, сепак, негираше дека конкретно таргетирала мигрантски населби.
Политичките лидери во Германија го критикуваа потегот на АфД во Карлсруе.
„Никој нема да дојде во Германија ако почувствува дека овде владее расизам, а тоа е чист расизам“, изјави кандидатот на Зелените за канцелар Роберт Хабек.
Германската Федерална разузнавачка агенција ја класифицира АфД како потенцијална екстремистичка организација.
И покрај ова, партијата во моментов е на второто место по поддршка од гласачите низ целата земја.