Извозот на оружје од Германија во Израел досега оваа година се зголеми за десет пати во однос на минатата година, при што Берлин ги третира барањата за дозволи како приоритет по нападот на Хамас на 7 октомври, велат извори од германската влада.
Од 2 ноември, германската влада одобри извоз на одбранбена опрема во Израел во вредност од близу 323 милиони долари. За споредба, одбранбениот извоз во вредност од 34 милиони долари беше одобрен во цела 2022 година.
Поголемиот дел од индивидуалните извозни дозволи 185 од 218 беа доделени по нападот на Израел на 7 октомври.
„Апликациите за извоз на воена опрема во Израел се приоритетни и одобрени од федералната влада“, велат овие извори.
Дури и со зголемувањето, Израел учествува со мал дел во воениот извоз на Германија, кој изнесуваше 9,36 милијарди долари во првите девет месеци од 2023 година.
Според германската новинска агенција ДПА, Германија првенствено го снабдува Израел со компоненти за системи за противвоздушна одбрана и комуникациска опрема.