Болничките соби полни играчи за децата кои го преживеаа земјотресот / Photo: AA

Болничките соби на југот на Туркије полни се со играчки за деца кои преживеа два земјотреси минатата седмица.

Лекарите волонтери во Адана се обидуваат да ги излечат децата не само со медицински интервенции туку и преку психолошка поддршка.

Серафетин Демир, лекар на градската болница во Адана, на социјалните мрежи покрена кампања на собирање играчки, а која привлече големо внимание.

Болничките соби полни играчки за децата кои го преживеаа земјотресот AA

„Сакавме малку да ги оддалечиме нашите деца од болничкото опкружување. Можеби не можеме да им ја намалиме болката, но ќе бидеме многу среќни доколку тоа малку го заборават“, рече Демир.

Како што рече тој, во болницата стигнале балони, кукли и разни други играчки. Среќата на децата го подигна моралот кај лекарите кои работат со нив.

Најмалку 36.187 луѓе загинаа во двата силни земјотреси кои на 6 февруари го потресоа југот на Туркије.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтеровата скала, со епицентарот во провинцијата Кахраманмараш, погодија 10 провинции, уништувајќи илјадници згради и погодувајќи повеќе од 13 милиони луѓе.

Повеќе од 253.000 членови на тимовите за трагање и спасување моментално работат на теренот. Вкупно 216.347 луѓе се евакуирани од подрачјата погодени од земјотресот.

AA
Популарни