Најмалку 11 лица, меѓу кои и деца и новинари, се ранети како резултат на бомбардирањето на израелската армија врз шаторите каде раселените Палестинци во централните делови на Појасот Газа.
Според палестинската новинска агенција ВАФА, израелските армиски беспилотни летала ги бомбардирале шаторите на раселените Палестинци во дворот на болницата Акса во градот Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа.
Најмалку 11 лица ранети во израелскиот напад, меѓу кои и деца и новинари, се згрижени во болница.
Медицинските тимови на палестинската Црвена полумесечина префрлиле многу ранети Палестинци во болницата Ал-Ахли во градот, откако израелската армија ја бомбардирала куќата на семејството Абу Ајва во источниот дел на градот Газа.
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година, загинаа 41.870 Палестинци, меѓу кои околу 17.000 деца и 11.378 жени, а 97.166 луѓе беа ранети.