Борел: Европа е поделена по прашањето за Палестина / Photo: AA

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, изјави дека земјите членки, кои обединето дејствувале по прашањето за украинско-руската војна, премногу се поделени кога во прашање е Палестина.

Во своето обраќање во Институтот Хувер на американскиот Универзитет Станфорд, Борел рече дека е потребно да се започне политички процес за јакнење на палестинската администрација.

„Мораме гласно и јасно да кажеме дека постигнувањето дводржавно решение е единствениот начин да се решиме од оваа трагедија. Без обѕир колку е тешко, не гледам друг начин да се запре оваа трагедија, која ќе остане дамка врз совеста на човештвото“, истакна Борел.

Тој истакна дека Европа е поделена по прашењето за Палестина.

„Освен некои исклучоци, земјите на ЕУ се многу единствени против Русија. Многу се обединети во поддршката на Украина, политички, економски, од секој аспект, но многу сме поделени по прашањето за Газа“, рече Борел.

Високиот претставник на ЕУ истакна дека ЕУ презела одговорност да помогне во постигнувањето на дводржавното решение и да продолжат контактите со арапските партнери.

AA
Популарни