Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во средата го осуди убиството на палестинските цивили во северниот дел на Појасот Газа, по нападот на израелската армија во областа Беит Лахија, во која загинаа најмалку 100 Палестинци.
„Сликите од Беит Лахија во Газа се ужасни. Најмалку 100 луѓе се убиени во уште еден напад на ИД. Нема да престанеме да го осудуваме ова и да повикуваме на одговорност“, објави Борел на платформата X.
Забелешките на Борел дојдоа откако Министерството за здравство во Газа соопшти дека повеќе од 100 Палестинци биле убиени, а десетици повредени во израелски напад врз станбена зграда во градот Беит Лахиа во вторникот.
Повеќе од 43.000 Палестинци се убиени во Појасот Газа откако Израел ја започна војната на 7 октомври 2023 година, при што мнозинството од загинатите се жени и деца, додека повеќе од 101.000 луѓе се повредени, според локалните здравствени власти.
Израел е обвинет за геноцид врз Палестинците пред Меѓународниот суд на правдата.