За ова ќе се разговара на состанокот на министрите за надворешни работи, последен со кој ќе претседава пред истекот на неговиот петгодишен мандат / Photo: AA

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел наведувајќи ги како причина кршењето на човековите права за време на војната во Појасот Газа.

Ова за Ројтерс го изјавија четворица неименувани европски дипломати кои го виделе писмото што Борел во средата го испрати до министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.

Во писмото Борел изразил „сериозна загриженост во врска со можните прекршувања на меѓународното хуманитарно право“ во окупираната палестинска енклава и потсети дека „досега овие грижи не биле почитувани од Израел“.

Политичкиот дијалог со Израел, кој стапи на сила во јуни 2000 година, е вграден во поширок договор за односите меѓу ЕУ и Израел и вклучува широки трговски врски.

„Во светло на горенаведените размислувања, ќе предложам ЕУ да се повика на клаузулата за човекови права за да го прекине политичкиот дијалог со Израел“, напиша Борел.

Неколку земји се спротивставија на предлогот кога Борел им го претстави на амбасадорите во средата, изјавија тројца дипломати кои сакаа да останат анонимни.

За суспензија на политичкиот дијалог со Израел ќе биде потребно одобрение од сите 27 земји-членки на ЕУ, но четворица неименувани дипломати сметаат дека таквата одлука е „не е веројатна“.

За ова ќе се разговара на состанокот на министрите за надворешни работи, последен со кој ќе претседава пред истекот на неговиот петгодишен мандат.

TRT Balkan / агенции
Популарни