Борел: Советот за безбедност на ОН да воспостави прекин на огнот во Газа / Photo: AA

Високиот комесар на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, вчера го поздрави апелот на потпретседателката на САД, Камала Харис, за прекин на огнот во Појасот Газа, велејќи дека Советот за безбедност на ОН може да донесе резолуција за таков чекор.

„Се приклучувам на повикот на американската потпретседателка Камала Харис за итен прекин на огнот во Газа. Не би требало да постои никаква пречка за резолуција во Советот за безбедност на ОН во тој контекст“, напиша Борел на социјалната мрежа Х.

Претходно САД со користење вето блокираше неколку резолуции за прекин на огнот во Газа.

Согласувајќи се со зборовите на американската потпретседателка Харис дека се убиени премногу луѓе во Газа од 7 октомври, Борел го повика Израел да дозволи непречен хуманитарен пристап на Палестинците во Газа.

„Време е Советот за безбедност на ОН да дејствува“, порача шефот на ЕУ-дипломатијата, Борел.

Говорејќи во неделата во сојузната американска држава Алабама, Харис рече дека е неопходно да се воспостави прекин на огнот во Газа.

„Имајќи предвид на огромните размери на страдање во Газа, мора да постои моментен прекин на огнот најмалку во следните шест недели, што во моментов е на маса“, рече американската потпретседателка Харис.

AA
Популарни