Експертите наведуваат дека кога рудникот ќе профункционира ќе предизвикува 400.000 тони стакленички гасови годишно.         Фото: Ројтерс архива

Британската влада за прв пат по 30 години даде дозвола за рудник за јаглен во таа земја.

Британското министерство за развој и социјално домување одобри проект за рудник за јаглен во северозападна Камбрија, се вели во владиното соопштение.

„Овој јаглен ќе се користи во фазата на производство на челик, кој доколку не се произведува во земјава ќе треба да се увезува од странство. Не се користи за производство на електрична енергија“, објасни портпарол на министерството.

Во британските медиуми беше наведено дека од рудникот се очекува да се вадат 2,8 милиони тони јаглен годишно со инвестиција од 165 милиони фунти, а беше истакнато и дека Владата за прв пат дала дозвола за рудник во последните 30 години.

Експертите наведуваат дека кога рудникот ќе профункционира ќе предизвикува 400.000 тони стакленички гасови годишно.

Гринпис во соопштението рече дека Велика Британија „избрала да биде суперсила за климатското лицемерие“ наместо да биде лидер во подигањето на свеста за климата.

Британската влада претходно објави дека има за цел да постигне нула емисии на јаглерод во земјата до 2050 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни