Британскиот весник „Индипендент“ излезе со насловна страница на која пишува „Доста е!“ / Фото: AA

Британскиот весник „Индипендент“ излезе со насловна страница на која пишува „Доста е!“ со цел да го насочи вниманието кон израелскиот напад во кој беа убиени седуммина вработени во меѓународната хуманитарна организација Светска централна кујна (СЦК), од кои тројца се Британци, јавува Анадолу.

Британскиот весник во денешното издание објави фотографија на насловната страница на која се гледа мало девојче покрај урнатините во Газа.

Во текстот со наслов „Ова мора да престане сега“ се наведува дека е погрешно што западните влади почувствувале бес дури по убиството на седумтемина меѓународни хуманитарни работници, иако дотогаш во израелските напади се убиени повеќе од 30.000 Палестинци.

„Овие седум луѓе станаа симбол на противзаконското и безобѕирното водење на оваа војна од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Ова е пресвртница. Глобалното јавно мислење се оддалечува од Израел и многу луѓе се разочарани и збунети од неселективната бруталност на израелската воена машинерија. Додека светот некогаш стоеше покрај Израел во времето на болка, сега сѐ повеќе е против Израел и војната“, се вели во текстот.

Светската централна кујна (СЦК) потврди дека седум члена на нејзиниот тим се убиени во израелскиот напад во Газа. Седумтемина убиени хуманитарци се од Австралија, Палестина, Полска, Велика Британија, како и двоен државјанин на САД и Канада.

Хуманитарните работници „отпатуваа во зоната без судири со два блиндирани автомобила со логото на СЦК“, се додава.

AA
Популарни