Британскиот министер за одбрана денеска рече дека очекува новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да остане посветен на НАТО.
„Не очекувам САД да се оттргнат од НАТО“, изјави Џон Хили за Скај њуз, додека изборната победа на Трамп минатата недела покрена прашања за посветеноста на САД кон НАТО.
Хили рече дека САД ја препознаваат важноста на алијансата и избегнување на понатамошни конфликти во Европа.
„Но, јас навистина велам, и веќе извесно време тврдам, дека европските нации во НАТО треба да исполнат повеќе тешки обврски“, додаде тој.
Хили изјави дека Трамп со право ги поттикнал европските нации да го зголемат финансирањето на НАТО, додавајќи дека посветеноста на САД кон алијансата останала за време на претходната администрација на Трамп и дека нема причина да мисли дека поддршката ќе заврши за време на неговиот втор мандат.
Претходно Трамп критикуваше многу земји-членки на НАТО дека не обезбедуваат доволно финансиски средтсва за одбрана.