Меѓу верниците имало и голем број деца кои присуствуваа на неделната муслиманска молитва / Photo: AA

И покрај тешките воени услови, стотици Палестинци во Газа ја извршија џума молитвата, неделната молитва во петок, кај урнатините на џамијата.

Верниците во градот Рафах се молеа практично на урнатините на џамијата Фарук, која беше уништена во еден од многуте израелски напади.

Меѓу верниците имаше и голем број деца кои присуствуваа на неделната муслиманска молитва.

Обвинет за геноцид, Израел започна смртоносна офанзива на Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври во кој загинаа 30.878, а беа ранети 72.402 Палестинци.

На 26 јануари, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напад и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да го спречи геноцидот, по тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република.

Сепак, нападите продолжуваат со несмалено темпо, а испораката на помош останува недоволна за справување со хуманитарната катастрофа.

AA
Популарни