Бројот на загинати лица во израелските напади врз Газа се зголеми на 43, соопшти палестинското Министерство за здравство. Меѓу загинатите се 15 деца и четири жени.      Фото: АА

Бројот на загинати лица во израелските напади врз Газа се искачи на 43.

Министерството за здравство на Палестина преку писмено соопштение информираше за зголемувањето на бројот на загинатите и повредените лица во нападите на Израел врз Појасот Газа, започнати во петокот на 5. август.

Бројот на загинатите во нападите се зголеми на 43 лица, вклучувајќи 15 деца и четири жени, а ранети се 311 лица, соопшти Министерството.

Претходно, портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ешреф ал-Кудра, во изјава за медиумите истакна дека здравствените услуги се под закана, и дека имаат потешкотии со снабдување со лекови и медицински средства.

Кудра нагласи дека Израел намерно како цел ги има цивилите.

Израел во петокот, на 5. август покрена воена офанцива врз Појасот Газа наведувајќи како причина „непосредна закана од напади“ на групата Исламски џихад.

Тензиите во регионот пораснаа по нападите на израелската војска врз окупираниот град Јенин на Западниот брег на 1.август. Тогаш израелските војници го ранија и потоа го притворија Бесам Сади, челникот на Исламски џихад во Јенин.

Прекин на огнот во Појасот Газа

Палестинската група Исламски џихад се согласи на прекин на огнот во Појасот Газа, кој започна во 23.30 часот по локално време ((20:30 GMT), изјавија извори за Агенција Анадолија (АА).

До тоа дојде по извештаите дека египетските посредници успеале да договорат прекин на огнот помеѓу двете страни, по тридневните израелски напади и повратниот ракетен оган од Газа.

Претходно, израелскиот премиер Јаир Лапид рече дека воената офанзива во Газа ги „постигна своите цели“.

AA
Популарни