Израел спроведува немилосрдна офанзива врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври / Photo: AA

Бројот на загинати Палестинци во нападите на Израел во Појасот Газа се искачи на 34.943, соопшти во петокот Министерството за здравство во енклавата.

„Израелската окупација изврши шест масакри врз семејствата во Појасот Газа, оставајќи 39 маченици и 58 повредени во изминатите 24 часа“, се вели во извештајот, додека израелскиот напад врз Газа е во својот 217-ти ден.

Најмалку 78.572 други лица се повредени во нападот информира Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во сооштението

Израелската армија во вторникот ја започна својата инвазија на источната област Рафах, напаѓајќи и окупирајќи ја палестинската страна на преминот Рафах со Египет, затворајќи ја единствената порта на Газа кон надворешниот свет.

Во понеделникот, израелската армија издаде наредба за евакуација на Палестинците во источниот дел на Рафах, потег што нашироко се смета за увертира за долго стравуваниот напад на Израел врз градот, дом на околу 1,5 милиони раселени Палестинци.

Израел спроведува немилосрдна офанзива врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври, во кој загинаа околу 1.200 луѓе.

Според ОН во текот на седум месеци од израелската војна, огромни делови од Газа беа во урнатини принудувајќи на раселување 85% од населението на енклавата во услови на блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Во привремената пресуда во јануари се вели дека е веродостојно дека Израел врши геноцид во Газа и му нареди на Тел Авив да ги запре таквите дејствија и да преземе мерки за да гарантира дека е обезбедена хуманитарна помош за цивилите во Газа.

TRT Balkan / агенции
Популарни