Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Туркије се искачи на 47.975, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
На 6 февруари, земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтеровата скала погодија 11 турски области - Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.
Над 13 милиони луѓе во Туркије се погодени од земјотресите, и многу луѓе во северозападна Сирија. Јунус Сезер, претседател на АФАД, нагласи дека околу 1,8 милиони лица се сместени во шатори, градови со контејнери и куќи за гости во регионот.
Според него, во зоните погодени од земјотресите се поставени вкупно 332 шаторски населби, додека досега таму се поставени 414.323 шатори.
Сезер нагласи дека вкупно 935.722 лица од земјотресот се евакуирани од погодениот регион.
Исто така, околу 273.000 лица се сместени во куќи за гости, хотели и студентски домови во други области.