Бројот на загинати во разорните земјотреси што минатиот месец ја погодија Јужна Туркије се зголеми на 50.096, потврди Управата за вонредни ситуации (АФАД).
Претседателот на АФАД, Јунус Сезер, изјави дека се повредени 107.204 луѓе.
Два разорни земјотреса со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Туркије на 6 февруари со епицентар во Кахраманмараш.
Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Туркије беа погодени од разорните земјотреси, како и многу други во Северна Сирија.
AA