Чавушоглу ќе присуствува на 5. Конференција на ОН за најмалку развиените земји / Photo: AA

Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, ќе присуствува на Петтата конференција на Обединетите нации (ОН) за најмалку развиените земји (LDC5) во Доха, Катар.

Чавушоглу „ќе присуствува на првиот ден од 5. Конференција на Обединетите нации за најмалку развиените земји (LDC5) што ќе се одржи во Доха од 5 до 9 март 2023 година во име на претседателот на Република Туркије“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Потсетувајќи дека „Конференциите за најмалку развиените земји се можност еднаш во деценијата да се разговара за предизвиците со кои се соочуваат овие земји и да се постигне нивен одржлив развој“, во соопштението се потсетува дека Туркије беше домаќин на Четвртата конференција на најмалку развиените земји во Истанбул од 9 до 13 мај 2011 година.

Турскиот министер на маргините на Конференцијата се очекува да оствари и билатерални разговори со неговите колеги.

AA
Популарни