Поздравувајќи ја поддршката и солидарноста што Египет ја покажа веднаш по разорните земјотреси што ја потресоа јужна Туркије на почетокот на овој месец, турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, рече дека двете земји „отвораат ново поглавје во односите“.
„Пријателството и братството се гледаат во тешки времиња“, рече Чавушоглу на заедничката прес-конференција со својот египетски колега Самех Шукри, кој е во посета на јужните турски региони Адана и Мерсин.
„По двата силни земјотреси што се случија на 6 февруари, Египет го покажа своето братство и пријателство на Туркије“, наглси Чавушоглу.
Тој истакна дека двете земји „отвораат ново поглавје во односите“, истакнувајќи ја плодната средба меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси во Доха, Катар, во ноември.
Чавушоглу рече дека со Шукри разговарале за начините за понатамошен развој на односите на билатералната средба што се одржа на аеродромот „Шакирпаша“ во Адана.
„Развивањето на односите меѓу Туркије и Египет е во интерес на двете земји, но и не само за двете земји, туку е важно и за мирот, стабилноста и развојот на нашиот регион“, додаде шефот на турската дипломатија.
Посетата на Шукри на Туркије е прва посета на египетски министер за надворешни работи во повеќе од една деценија.