Чавушоглу: Ерменија пружи рака на пријателство во тешки моменти / Photo: AA

Министерот за надворешни работи на Република Туркије Мевлут Чавушоглу изјави дека Ерменија и подаде рака на пријателство на неговата земја по минатонеделните разорни земјотреси во кои животот го загубија најмалку 35.418 луѓе.

„Ерменија подаде рака на пријателство во овој тежок момент и покажа солидарност и соработка“, рече Чавушоглу на прес-конференцијата со неговиот ерменски колега Арарат Мирзојан во Анкара. Чавушоглу рече дека посетата на Мирзојан на Анкара е многу значајна. Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш.

Истакнувајќи дека Ерменија испратила тим од 28 луѓе за пребарување и спасување во Туркије по земјотресите, Чавушоглу рече дека тие спасувачки екипи и понатаму работат во Адијаман. „Испратија 100 тони хуманитарна помош и рекоа дека ќе испратат дополнителна помош“, додаде Чавушоглу.

Шефот на ерменската дипломатија Мирзојан ја изрази спремноста на Ерменија да гради мир во овие тешки времиња. Мизорјан во текот на денот ќе го посети Адијаман, градот погоден од земјотресот во кој делуваат спасувачи од Ерменија.

AA
Популарни