Чавушоглу: ЕУ без стратешко размислување за воената база за Украина / Photo: AA

Нагласувајќи ги хармоничните односи на Европската Унија (ЕУ) со НАТО, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го критикуваше недостатокот на ангажманот на европскиот блок со Анкара во врска со новата мисија за воена обука за Украина.

„Како прво морам да кажам дека ние во Туркије сме многу среќни што сведочиме за единството внатре во ЕУ и НАТО. ЕУ најави нова мисија за обука за Украина. Но ги игнорираше консултациите со Туркије пред покренувањето на оваа мисија“, рече Чавушголу во обраќањето на Форумот Аспен-ГМФ во Букурешт, главниот град на Романија.

Единаесеттото издание на Аспен-ГМФ, се одржува на 29 и 30 ноември на тема „Свет во движење: Кон новата европска архитектура“.

Шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, на 14 ноември изјави дека министрите за надворешни работи на ЕУ се очекува да дадат зелено светло за обука на мисијата за околу 15.000 украински војници.

Чавушоглу рече дека не е толку важно дали Туркије ќе биде дел од мисијата, напоменувајќи дека ова е „пример дека ЕУ го загубила стратешкото размислување поради тесните интереси на неколку свои држави членки“.

„Повторно велам дека не треба (да бидеме дел од мисијата) бидејќи поединечно, сите знаат колку ја поддржуваме Украина“, рече Чавушоглу.

Нагласувајќи ја потребата „повторно да се воспостави духот на единството за да се постигне нова европска безбедност“, турскиот дипломат рече дека „природно проширување на таа визија е вклученост и заживување на шансите за проширување на ЕУ.“

„Проширувањето би требало да биде од Балканот до Грузија, вклучувајќи ги Украина и Молдавија. И овој регион не може да биде целосен без мојата земја, Туркије“, рече Чавушоглу и додаде: „Замислете какво влијание на истанбулскиот договор за жито или влијанието на другите напори кои ги вложивме би имале врз глобалниот дострел на ЕУ, доколку ЕУ се ангажираше со нас, со мојата земја, Туркије.“

Туркије поднесе барање за членство во ЕУ во 1987 година, а преговорите за придружување ги почна во 2005 година. Преговорите, меѓутоа, запреа во 2007 година, поради приговор на администрацијата на кипарските Грци и противењето на Германија и Франција.

TRT Balkan / агенции
Популарни