Чавушоглу: Неприфатлива е агресијата во Бразил / Photo: AA

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека ситуацијата во Бразил, откако демонстрантите упаднаа во владините згради, е неприфатлива.

„Тоа е неприфатливо. Ние сме многу загрижени“, рече Чавушоглу за време на заедничката прес-конференција со јужноафриканската министерка за меѓународни односи и соработка, Наледи Пандора, во Преторија, главниот град на Јужна Африка.

Чавушоглу нагласи дека Туркије ја осудува агресијата во Бразил.

Турскиот министер за надворешни работи рече дека присуствувал на церемонијата на полагање заклетва на Луис Инасио Лула да Силва во Бразил, кој се врати на власт во трет претседателски мандат.

„Тоа е волјата на бразилскиот народ“, рече Чавушоглу, додавајќи дека сите треба да ја прифатат.

Изјавите на Чавушоглу следуваа откако стотици приврзаници на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро ја пробија полициската барикада и упаднаа во зградата на Конгресот, барајќи интервенција на војската поради наводни изборни нерегуларности.

TRT Balkan / агенции
Популарни