Мевчут Чавушоглу

Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу порача дека геноцидот во Сребреница никогаш не смее да се заборави.

„На 27-годишнината од геноцидот во Сребреница, црната дамка во историјата на човештвото, се присетуваме на убиените браќа и сестри Бошњаци. Никогаш нема да заборавиме!“, напиша Чавушоглу на социјалната мрежа Твитер.

Денеска со колективен погреб на посмртните останки, на 50 жртви на геноцидот.

На гробиштата во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари досега се закопани 6.671 жртва од геноцидот кој тогашната војска на Република Српска под команда на воениот злосторник Ратко Младиќ го извршила над Бошњаците во градот Сребреница во 1995 година.

AA
Популарни