Министерот за надворешни работи на Република Туркије Мевлут Чавушоглу се обрати на ТРТ Ворлд Форумот /  Фото: AA

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека ниту еден судир не е локален во денешното „хаотично глобално опкружување“, при што ја нагласи важноста на решавањето на судирите и градењето на мирот.

„Со ефектот на пеперутка нема локални судири. Не можеме да си дозволиме да не делуваме додека се соочуваме со овие предизвици и закани“, рече Чавушоглу на сесијата под називот „Решавање на судири и градење мир“ во рамките на ТРТ Ворлд Форумот (TRT World Forum 2022) во Истанбул.

Чавушоглу рече дека конфликтите се дел од реалноста на човечките односи како и на меѓународните односи.

„По краткиот период на смиреност и олеснување, во меѓународните односи повторно доминираат судири“, рече Чавушоглу и додаде:

„Потребни ни се способности за решавање и посредување за да ги оставиме овие предизвикувачки времиња зад нас“, рече Чавушоглу.

Истакнувајќи дека светот е во кризен период, Чавушоглу напомена дека не само што постои системска промена туку денес и судирите се трансформираат.

„Со технолошкиот напредок и глобализацијата судирите се посложени, повеќеслојни и пораспространети“, рече шефот на турската дипломатија.

ТРТ Ворлд Форум 2022 е дводневен годишен настан, кој започна вчера во Истанбул.

Настанот, кој оваа година се одржува на тема „Мапирање на иднината: неизвесност, реалност и можности“, собира академски работници, новинари, интелектуалци, политичари и членови на цивилниот сектор од целиот свет.

На форумот присуствуваат околу 100 говорници и повеќе од 1.000 учесници од речиси 40 држави.

TRT Balkan / агенции
Популарни