Чавушоглу реагираше на изјавата на Бајден за настаните од 1915 година / Photo: AA

Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, реагираше на изјавата на американскиот претседател Џо Бајден во врска со настаните од 1915 година и истакна дека повторно се појавени политички шарлатани кои се обидуваат да ја искриват историјата.

Чавушоглу на социјалните мрежи одговори на изјавата на Бајден во врска со настаните од 1915 година.

„Повторно се појавија политички шарлатани што се обидуваат да ја искриват историјата. Историјата не може повторно да се препишува со политички изјави. Опортунистите што инсистираат на овој став, ќе останат запомнети по нивните задни намери и лицемерство. Никој да не се осмели да му држи лекција по историја на големиот турски народ“, напиша Чавушоглу.

Инаку, Бајден во писменото соопштение во врска со ерменските тврдења околу настаните од 1915 година го употреби терминот „геноцид“.

TRT Balkan / агенции
Популарни