Чавушоглу се состана со неговиот руски колега Лавров / Photo: AA

Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, во рускиот главен град се сретна со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

Состанокот на Чавушоглу со Лавров се одржа пред четирилатералниот состанок за Сирија на шефовите на дипломатиите на Туркије, Русија, Иран и Асадовиот режим во Сирија.

Чавушоглу на Твитер истакна дека на состанокот со Лавров разговарале за настаните во Сирија, Украина и Кавказот.

Турскиот министер за надворешни работи рече дека со неговиот руски колега се осврнале и на договорот за жито.

Инаку, состанокот за Сирија на шефовите на дипломатиите на Туркије, Русија, Иран и Асадовиот режим во Сирија се одржува во Москва.

На овој состанок се очекува да се разговара за различни теми, како што се нормализирање на односите, борбата против тероризмот, политичкиот процес.

Исто така, на состанокот се очекува да се разговара и за хуманитарни прашања, како доброволно, безбедно и чесно враќање на бегалците.

TRT Balkan / агенции
Популарни