Чавушоглу се сретна со неговиот руски колега Лавров / Photo: AA

Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, се сретна со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Чавушоглу оваа информација ја потврди преку објава на својот твитер профил.

Шефот на турската дипломатија нагласи дека со Лавров се сретнале во Њу Делхи, на маргините на самитот на министрите за надворешни работи на Г20.

„Повторно упативме благодарност за помошта за земјотресот. Се осврнавме на последните случувања во нашиот регион“, напиша Чавушоглу.

TRT Balkan / агенции
Популарни