Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и неговиот латвиски колега Едгарс Ринкевичс по состанокот во Анкара, одржаа заедничка прес-конференција.      Фото: АА

Туркије отсекогаш го поддржувала политичкото решение на сирискиот конфликт, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„(Сирискиот) режим не верува во политичко решение, верува во воено решение. Трајното решение е она политичкото. Тоа го зборуваме од почеток“, истакна Чавушоглу на конференцијата за медиуми со латвискиот колега Едгарс Ринкевичс одржана во Анкара.

Нагласувајќи дека Туркије верува дека помирувањето е клучно за траен мир во Сирија, Чавушоглу додаде дека Анкара силно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија.

Латвискиот министер за надворешни работи, Ринкевичс, изјави дека Туркије е вреден сојузник на Латвија.

Тој додаде дека постои потенцијал за подобрување на економската соработка меѓу Анкара и Рига.

AA
Популарни