Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес се состана со извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел.
Заблагодарувајќи ѝ на Расел за нејзината посета за солидарност, Чавушоглу на Твитер напиша: „Благодарен сум за поддршката на меѓународната заедница во нашите тешки времиња“.
Посетата на Расел се случи по двата силни земјотреси што ја потресоа јужна Туркије на 6 февруари, одземајќи ги животите на најмалку 44.370 луѓе.
Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени беа со епицентар во Кахраманмараш и погодија уште 10 други области - Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Килис, Малатја, Османије и Шанлиурфа. Повеќе од 13 милиони луѓе се погодени од разорните земјотреси.
Неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Сирија и Либан, исто така ги почувствуваа силните потреси што ја погодија Туркије за помалку од 10 часа.
Сочувство и солидарност со Туркије изрази целиот свет, а многу земји испратија спасувачки тимови и помош.