Чавушоглу: Затворањето конзулати на некои западни земји е смислен потег / Photo: AA

Критикувајќи го неодамнешното затворање на конзулатот на некои западни земји во Истанбул, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу таквиот потег го нарече „намерен“, додавајќи дека тие држави не споделиле никакви информации за тоа што го нарекоа „безбедносни причини“.

„Ние мислиме дека ова беше намерно“, рече Чавушоглу на прес-конференцијата во Истанбул со аргентинскиот колега Сантиаго Кафиеро.

„Токму тоа им го рековме и на амбасадорите кои ги повикавме во Министерството“, рече Чавушоглу.

Изјавите на Чавушоглу следуваа ден откако Туркије ги повика амбасадорите на западните држави, вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави, за да ја искритикува нивната одлука привремено да ги затворат дипломатските претставништва и да издадат безбедносни предупредувања по неодамнешното палење на светата книга Куранот во некои европски земји.

Во Министерството за надворешни работи повикани се и амбасадори на Белгија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Шведска, Швајцарија и Велика Британија.

„Зошто ги затворија конзулатите?“, запраша Чавушоглу и продолжи:

„Велат дека постои терористичка закана. Па доколку постои терористичка закана, зарем не би требале, особено ако ни се сојузници, да кажат од каде доаѓа таа закана?“.

„Ни велат: „Имаме конкретни информации, постои закана. Затоа ги затворивме.“ Од кого? Од каде доаѓа? Кој тоа ќе го направи? Нема информации за тоа“, рече Чавушголу.

Шефот на турската дипломатија повтори дека тие земји ви требале на Туркије да ѝ дадат информации за тие наводни закани.

„Тие мораат да ги споделат тие информации со нас, односно со нашите безбедносни единици, со нашите разузнавачки тимови, а ако постои таква закана, таа мора да биде елиминирана пред да се претвори во напад“, додаде Чавушоглу.

Тој истакна дека тие држави сепак не споделуваат „конкретни“ информации и документи со Туркије.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу вчера го критикуваше затворањето на конзулатите, напоменувајќи дека тоа се случило токму во момент кога Туркије објавила ветувачки бројки за туризмот, истакнувајќи дека се необјасниви затворањата и претставуваат „психолошка војна“.

TRT Balkan / агенции
Популарни