„Ако Атина не сака мир, Анкара ќе направи се што е потребно“, рече Чавушоглу.              Фото: Ројтерс

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, повикувајќи ја Грција да го почитува меѓународното право, во вторник изјави дека во спротивно Анкара „ќе го направи она што е потребно“.

Говорејќи на заедничката прес-конференција со неговиот романски колега Богдан Ауреску во турскиот главен град Анкара, Чавушоглу рече дека Грција треба да ги почитува договорите.

„Или Грција ќе направи чекор назад и ќе се придржува до договорот, или ќе го направиме она што е потребно“, предупреди Чавушоглу, алудирајќи на неодамнешната воена вежба на Грција на островите во Егејското Море.

Тој, исто така, ја критикуваше Грција за милитаризирање на островите во Егејското Море во близина на турскиот брег, кои беа демилитаризирани според долгогодишните договори.

„Ако Атина не сака мир, Анкара ќе направи се што е потребно“, рече Чавушоглу.

Тој потоа ја повика Грција да престане со нелегалното вооружување на островите во Егејското Море и да дејствува во согласност со меѓународните договори.

„Грција продолжува со провокациите. Не можеме да молчиме за тоа“, додаде шефот на турската дипломатија.

Грција неодамна спроведе воена вежба на егејскиот остров Родос, на 84 километри од турскиот приморски град Фетије.

AA
Популарни