Челик: Израел еден ден ќе одговара пред законот / Photo: AA

Гласноговорникот на АК Партијата Омер Челик изјави дека политиката која ја води турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е мета на на мрежата на масакрите.

Претераната изјава на израелскиот министер за надворешни работи насочена против нашиот претседател не е ништо друго туку обид за прикривање на масакрот кој го изврши израелската лада, рече гласноговорникот на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) Омер Челик.

„Убијците на деца непријателски се расположени кон секоја иницијатива за мир и прекин на огнот. Од таа причина знаеме дека политиката која ја води нашиот претседател за прекин на огнот и мир е на мета на овие мрежи на масакри. Но што и да прават, осудени се пред човештвото и за тоа еден ден ќе одговараат пред законот“, додаде Челик.

TRT Balkan
Популарни