„Уште четворица новинари се убиени, од кои една жена, во геноцидната војна што Израел ја води во Појасот Газа“, се наведува во соопштението на Канцеларијата за медиуми.     Фото: АА Архива / Photo: AA

Уште четворица новинари се убиени, од кои една жена, во израелските напади врз Појасот Газа.

Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа даде информации за убиените новинари во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година досега.

„Уште четворица новинари се убиени, од кои една жена, во геноцидната војна што Израел ја води во Појасот Газа“, се наведува во соопштението на Канцеларијата за медиуми.

Со последните израелски убиства во Газа од 7 октомври досега се убиени 147 новинари.

Новинарката Амине Махмуд Хамид, која е убиена во израелски напад, работела како водителка на програма и уредничка за печат во различни медиумски организации во Палестина.

Од почетокот на израелската брутална воена офанзива врз Појасот Газа на 7 октомври, во која неселективно се бомбардирани и гранатирани цивилни населби, училишта, верски објекти и болници, убиени се повеќе од 35.272 Палестинци, од кои најмалку 15.103 деца и 9.849 жени, а 79.205 се ранети, во услови на масовно уништување и голем недостиг на неопходни средства за живот.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарна помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

AA
Популарни