Продажбата за време на Црниот петок (Black Friday) годинава повторно ќе ги собори рекордите иако сите не се подготвуваат да влезат во трговски центар и наместо тоа заземаaт став против консумеризмот.
Црниот петок, ден по американскиот празник Ден на благодарноста, прерасна во најголемо шопинг лудило на годината во САД, со големи трговци кои нудат попусти и поволни цени за голем број на производи.
Со текот на годините, и другите земји ја прифатија годишната шопинг треска. Од друга страна многу луѓе денес повеќе би ја намалиле листата на желби од веб-страниците за е-трговија, наместо да кампуваат пред нивниот локален продавач до зори.
Зошто се нарекува „Црн Петок”
Според eнциклопедијата Британика, називот датира од раните 1960-ти, кога полицијата во Филаделфија почна да го користи за да го опише хаосот на безброј туристи од предградијата кои го преплавуваа градот за да пазарат пред празниците или за да го гледаат саботниот годишен фудбалски натпревар меѓу Армијата и Морнарицата.
„Огромната гужва ѝ создаде главоболка на полицијата, која работеше подолги смени од вообичаеното додека се справуваше со сообраќајниот метеж, несреќите, кражбите во продавниците“, е наведено во Британика.
Слична ситуација и денес може да се види ширум светот, бидејќи се чини дека многу купувачи целосно се губат во трошењето и желбата да ги најдат најдобрите понуди.
Често пати некои купувачи влегуваат во конфликт, обидувајќи се да го зграпчат најновиот телевизор со голем екран или конзола за игри на попуст.
Ден кога не се купува ништо: Алтернатива на Црниот петок
Додека некои луѓе одат во шопинг серија, некои едноставно го прават спротивното, остануваат дома и не купуваат апсолутно ништо.
„Денот кога не се купува ништо“, кој првично започна како антиконсумеристичко движење, се одржува на ист ден со Црниот петок од 1997 година.
Неговата примарна цел е да ги натера луѓето повеќе да размислуваат за нивните одлуки што да купат и од каде го купуваат.
Мотото е „Само не купувајте ништо 24 часа и не бидете робови на работите што ги поседувате”.
Секоја година Црниот петок е проследен со протести. На нив учествуваат и климатските активисти кои сакаат да го привлечат вниманието на јавноста за тоа колку консумеризмот придонесува за климатските промени.
Иако потрошувачката претставува огромен дел од глобалната економија, не е тешко да се претпостави колку купувањето и производството на нови производи исто така придонесува за глобалното затоплување.
Денот кога не се купува ништо е ден кога луѓето избираат да не купуваат непотребни артикли, со што се подига свеста за тоа колку трошат.
„Петок 25 ноември е Ден кога не треба да се купи ништо. Наместо да ве фати лудилото на Црниот петок, пијте чај и зачувајте го мирот “, се вели еден од многуте профили на Твитер кои го поддржуваат движење.
„Амазон лобира кај американската Влада да се бори против климатското законодавство наспроти ветувањата дека ќе достигне нето нула емисии на јаглерод до 2040 година. Оваа цел, исто така, не го вклучува нејзиниот синџир на снабдување кој придонесува со 75% од емисиите“ се наведува на Твитер во рамки на кампањата Extinction Rebellion која се занимава со прашањето на климатските промени.
Со оглед на големиот број следбеници на движењето, не би било изненадување ако луѓето излезат на улиците за да протестираат против лудото на Црниот петок, додека други чекаат во долгите редици низ продавниците на големите брендови за да купат нови производи за кои можеби и немаат потреба.
Црн петок наспроти Денот кога не се купува ништо: Време е да размислиме повеќе за нашите одлуки за трошење и дали тие се во согласност со нашата природата.